член на ДГКМ може да биде секој полнолетен државјанин на Република Македонија - градежен конструктор - градежен инженер и техничар, или инженер и техничар од сродните технички струки кој што работно и професионално дејствува во областа на градежното конструкторство.
член на ДГКМ може да биде и градежен конструктор - странски државјанин по претходна препорака на двајца регистрирани членови на ДГКМ од Република Македонија.
членови на ДГКМ можат да бидат и студенти на техничките факултети на кои е застапена компонентата на градежното конструкторство, по препорака на двајца свои професори или асистенти, регистрирани членови на ДГКМ.
член на ДГКМ се станува со поднесување на Пристапница и Изјава кои, во случај на престанок на членување или исклучување, задолжително се враќаат.
Во Пристапницата се наведуваат куси биографски податоци, податоци за стручниот односно научниот степен и податоци за професионалната работа и вработување во областа на градежното конструкторство.
Со Изјавата се потврдува спремноста за почитување на Статутот на ДГКМ, и особено чувањето на професионалниот углед и достоинство на Друштвото и градежната професија во целина.
Одлука за прием во членство на ДГКМ донесува Извршниот одбор.
Член на Друштвото на градежните конструктори има права и должности:
Членството во Друштвото на градежните конструктори на Македонија престанува:
Одлука за престанок на членство во ДГКМ со исклучување донесува Судот на честа на ДГКМ.
Приговор на одлуката на судот на честа се поднесува до Собранието на ДГКМ. Одлуката на Собранието по приговорот е конечна.
член на Друштвото на градежните конструктори на Македонија не може да биде лице кое: