Тема на симпозиумот:

Отпорни конструкции

Претстојната 2023 година ќе биде одбележана со 60-годишнината од Скопскиот земјотрес, историски моќен потсетник за значењето и одговорноста на нашето професионално делување. Настан кој означува пресвртница во македонското, но и европското градежно контрукторство. Оттука, 20. Симпозиум на ДГКМ ќе овозможи рефлексија на целокупното стекнато и применето знаење во изминатите шест децении во областа на асеизмичкото проектирање, но и дискусија за предизвиците кои ни претстојат. Во фокусот на симпозиумот ќе бидат и глобалните предизвици поврзани со климатските промени и ефектите кои тие ги имаат врз конструкциите, опфаќајќи ги концептите на робустност, приспособливост, одржливост, трајност, долготрајно менаџирање и доверливост на конструкциите. Во тој контекст, темата на 20. Симпозиум на ДГКМ е “Отпорни конструкции”.

На свеченото отворање ќе биде одбележана и 74-годишнината од основањето на Градежен факултет при УКИМ во Скопје, институција која е најзаслужна за постоењето на ДГКМ.

На симпозиумот ќе гостуваат избрани светски експерти од областа со повикани предавања. На локацијата на која ќе се одржува симпозиумот ќе биде обезбеден специјален изложбен простор за спонзорите и поддржувачите на настанот. Ќе бидат прифатени научни и стручни трудови од главната тема, но и од дополнителните теми во продолжение:

  • Теориски и експериментални анализи на конструкции
  • Современи методи за проектирање и изведба на конструкции
  • Следење на состојбата, однесувањето и оштетувањата на објектите
  • Одржување, поправка и зајакнување на објектите
  • Доверливост и трајност на конструкциите
  • Информациски и БИМ технологии во градежното конструкторство
  • Современи материјали и технологии за одржлив развој
  • Паметни згради и инфраструктурни објекти
  • Отпорни градови

Повикани предавачи

Научен одбор

  • Грозде АЛЕКСОВСКИ, Македонија
  • Санде АТАНАСОВСКИ, Македонија
  • Ана БАРИЧЕВИЌ, Хрватска
  • Владимир ГОЦЕВСКИ, Канада
  • Елена ДУМОВА ЈОВАНОСКА, Македонија
  • Лиљана ДЕНКОВСКА, Македонија
  • Алеш ЖНИДАРИЌ, Словенија
  • Мирјана ЛАБАН, Србија
  • Ѓорѓе ЛАЃИНОВИЌ, Србија
  • Љупчо ЛАЗАРОВ, Македонија
  • Душко ЛУЧИЌ, Црна Гора
  • Mирјана МАЛЕШЕВ, Србија
  • Петер МАРК, Германија
  • Виктор МАРКЕЉ, Словенија
  • Златко МАРКОВИЌ, Србија
  • Горан МАРКОВСКИ, Македонија
  • Мирослав НАСТЕВ, Канада
  • Тихомир НИКОЛОВСКИ, Македонија
  • Дончо ПАРТОВ, Бугарија
  • Светлана ПЕТКОВСКА ОНЧЕВСКА, Македонија
  • Ивана БАНЈАД ПЕЧУР, Хрватска
  • Предраг ПОПОВИЌ, САД
  • Властомир РАДОЊАНИН, Србија
  • Бошко СТЕВАНОВИЌ, Србија
  • Младен УЛИЧЕВИЌ, Црна Гора
  • Михаел ФАБЕР, Данска
  • Раде ХАЈДИН, Србија
  • Рудигер ХОФЕР, Германија
  • Голубка Н. ЦВЕТАНОВСКА, Македонија
  • Петар ЦВЕТАНОВСКИ, Македонија
  • Игор ЏОЛЕВ, Србија
  • Вероника ШЕНДОВА, Македонија
  • Влатко ШЕШОВ, Македонија

Организационен одбор

  • Вонр. проф. д-р Дарко Наков, Градежен факултет, УКИМ, Скопје
  • Вонр. проф. д-р Марта Стојмановска, ИЗИИС, УКИМ, Скопје
  • Проф. д-р Ана Тромбева-Гаврилоска, Архитектонски факултет, УКИМ, Скопје
  • Доц. д-р Симона Богоевска, Градежен факултет, УКИМ, Скопје
  • Андреа Серафимовски, г.д. Гранит а.д. Скопје
  • Даниел Цеков, Адинг а.д. Скопје
  • м-р Ѓорѓи Гошев, Градежен институт „Македонија“, Скопје
  • Гоце Лазарески, Масон-Инженеринг дооел, Скопје
  • Вонр. проф. д-р Коце Тодоров, Градежен факултет, УКИМ, Скопје
  • Вонр. проф. д-р Денис Поповски, Градежен факултет, УКИМ, Скопје
  • Проф. д-р Владимир Витанов, Градежен факултет, УКИМ, Скопје

Под покровителство на

Организатор

Коорганизатори и поддржувачи

Платинести спонзори

Златни спонзори

Сребрени спонзори

Бронзени спонзори

Медиумска поддршка