Свеченото собрание во повод Златниот јубилеј, „50 години ДГКМ, предводници на градежното конструкторство“, ќе се одржи на 12.06.2026 год. (петок), со почеток во 15.30ч. во Амфитеатарот на Градежен факултет Скопје.
Пред почетокот на Свеченото собрание, со почеток во 15ч. ќе се одржи Изборно собрание на ДГКМ на кое ќе се изврши избор на Претседател на ДГКМ, Извршен одбор, Надзорен одбор и Суд на честа во следниот четиригодишен мандат 2026-2030год.
Ги покануваме сите компании и институции, поддржувачи на ДГКМ да делегираат свои претставници на Изборното и Свеченото собрание преку следната регистрација.
| 15:00 | Изборно собрание на ДГКМ |
| 15:30 | Златен јубилеј, „50 години ДГКМ, 50 години предводници на градежното конструкторство“ |
| 17:00 | Коктел (@Kantina Urban Bistro) |