Тема на симпозиумот:

ЕВРОКОДОВИ - Порта кон Европа

19ти Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2021) ќе се одржи од 15. до 18. Септември, 2021 во Охрид, Македонија. Зависно од актуелната ситуација, истиот ќе се држи во живо, или во комбинација со Е-платформа, овозможувајќи им на тој начин „online“ учество и нa колегите кои нема да се во можност да присутвуваат во живо.

Водејќи сметка дека во септември 2020 година, во паралелна употреба со актуелните прописи за проектирање на конструкции беа воведени Еврокодовите, а ценејќи ја потребата од дополнителна подготовка на инженерскиот кадар за нивна примена, 19. Симпозиум ќе биде посветен токму на оваа тема, со мото „ЕВРОКОДОВИ-Порта кон Европа“.

Од посебен интерес е да се направи споредба и да се истакнат разликите кои произлегуваат од примената на досегашните прописи и на Еврокодовите. Токму затоа, еминентни стручни лица од земјава и регионот ќе одржат повикани предавања на таа тема и ке ја приближат проблематиката на нашата стручна јавност.

Покрај Главната тема „ЕВРОКОДОВИ-Порта кон Европа“ , ќе бидат застапени и останатите теми, а тоа се:

  • Теориски и експериментални анализи на конструкции
  • Современи методи за проектирање на конструкции
  • Современи техники за изведба на конструкции
  • Следење на состојбата и однесувањето на конструкциите
  • Одржување, санација, зајакнување и реконструкција на објектите
  • Доверливост и трајност на конструкциите
  • Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој
  • Инфраструктурни објекти
  • Други теми поврзани со градежното конструкторство

Во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија и Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, а во рамките на Симпозиумот, ќе се одржат две тркалезни маси на тема:

  • Имплементација на Еврокодовите како национални стандарди - размена на искуства во регионот
  • Взаемна поврзаност и усогласеност на регулативата и стандардите за проектирање и изведба на објекти

Повикани предавачи

Scientific Committee

  • Grozde ALEKSOVSKI, North Macedonia
  • Sande ATANASOVSKI, North Macedonia
  • Dubravka BJEGOVIĆ, Croatia
  • Golubka N. CVETANOVSKA, North Macedonia
  • Petar CVETANOVSKI, North Macedonia
  • Igor DJOLEV, Serbia
  • Liljana DENKOVSKA, North Macedonia
  • Michael FABER, Denmark
  • Vladimir GOCEVSKI, Canada
  • Rade HAJDIN, Serbia
  • Rüdiger HÖFFER, Germany
  • Elena DUMOVA JOVANOSKA, North Macedonia
  • Djordje LAĐINOVIĆ, Serbia
  • Mirjana LABAN, Serbia
  • Ljupco LAZAROV, North Macedonia
  • Duško LUĆIĆ, Montenegro
  • Mirjana MALEŠEV, Serbia
  • Peter MARK, Germany
  • Viktor MARKELJ, Slovenia
  • Zlatko MARKOVIĆ, Serbia
  • Goran MARKOVSKI, North Macedonia
  • Miroslav NASTEV, Canada
  • Tihomir NIKOLOVSKI, North Macedonia
  • Svetlana PETKOVSKA ONČEVSKA, North Macedonia
  • Doncho PARTOV, Bulgaria
  • Ivana BANJAD PEČUR, Croatia
  • Predrag POPOVIĆ, USA
  • Vlastimir RADONJANIN, Serbia
  • Bosko STEVANOVIĆ, Serbia
  • Veronika ŠENDOVA, North Macedonia
  • Vlatko ŠEŠOV, North Macedonia
  • Mladen ULIĆEVIĆ, Montenegro
  • Ales ZNIDARIC, Slovenia

Organizing Committee

  • Meri CVETKOVSKA
  • Andrea SERAFIMOVSKI
  • Ana TROMBEVA-GAVRILOSKA
  • Darko NAKOV
  • Koce TODOROV
  • Roberta APOSTOLSKA
  • Daniel CEKOV
  • Sonja CHEREPNALKOVSKA
  • Iva DZAGORA
  • Ilija MARKOV
  • Vladimir VITANOV