Инструкции за подготовка на апстрактите

Официјални јазици на Симпозиумот се македонскиот и англискиот.

Апстрактите треба да се подготват со користење на подготвениот шаблон за апстракт. Авторите кои ќе го подготват трудот на македонски јазик треба да достават и Апстракт (првата страница од трудот) на англиски јазик за печатење во Книгата на апстракти која ќе биде објавена само на англиски јазик.

Готовите апстракти се доставуваат на следниот линк (за праќање потребно е да имате Google account): Линк за приложување на апстракт

Инструкции за подготовка на трудовите

Трудовите треба да бидат подготвени со користење на подготвениот шаблон, почитувајќи ги следните правила: вкупниот број на страници треба да биде парен број и не треба да надминува 10, со исклучок на повиканите предавања кои се ограничени на 14 страници. Текстот треба да биде напишан на македонски или на англиски јазик. Трудот треба да се испрати во електронскa форма (Microsoft Word и PDF) за евентуално уредување и конечна подготовка за објавување. Нумерацијата на страниците, вметнувањето на логото на симпозиумот итн., е задача на Уредувачкиот одбор.

Трудовите во целост ќе бидат објавени само во дигитална форма.

Заедно со конечната верзија на трудот, авторите треба да достават доказ за платена котизација.

Power Point или Постер презентациите на трудовите треба да бидат подготвени на англиски јазик, додека излагањето може да биде на еден од официјалните јазици на Симпозиумот.

Готовите трудови се доставуваат на следниот линк: Приложување на труд

Инструкции за подготовка на презентација

За подготовка на презентациите треба да се користи подготвениот шаблон. Готовите презентации треба да се достават најдоцна до 22.9.2025 год., со користење на следниот линк: Приложување на презентација

За подготовка на постер-презентациите треба да се користи подготвениот шаблон. Печатењето и на постерите е обврска на авторот. Поставувањето на постерите се врши 1 час пред почетокот на постер-сесијата.