Друштвото на градежните конструктори на Македонија, врз основа на одредбите на Статутот на ДГКМ и Правилникот за доделување на годишно признание за најдобро конструкторско остварување на ДГКМ, распишува:

ЈАВЕН КОНКУРС

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРИЗНАНИЕ НА ДГКМ ЗА НАЈДОБРО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ОБЛАСТА НА ГРАДЕЖНОТО КОНСТРУКТОРСТВО ВО 2023 И 2024 ГОДИНА

Признанието за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство се доделува на дела завршени во 2023, односно 2024 година, за секоја од следните три категории:

  • Теориско и/или експериментално истражување на конструкции;
  • Проектирање на конструкции,
  • Градење на конструкции.

Комплетно подготвените предлози за доделување на Признанието за најдобри конструкторски остварувања во 2023 и 2024 година треба да бидат доставени најдоцна до 31 март 2025 година на адреса: Друштво на градежните конструктори на Македонија, Градежен факултет - Скопје, Партизански одреди 24, П.Фах 560, 1000 Скопје, и/или по електронски пат на email-адресата: mase @ gf.ukim.edu.mk.

Потребни документи:

  • Пријава;
  • Целосен труд/проект со графички прилози/фотографии;
  • Рецензија објавена во Билтен/Завршен извештај од ревизија/Технички прием во годината за која се пријавува.

Во пријавата задолжително се наведува годината и категоријата за која се пријавува.

Признанието може да биде доделено на еден автор, група на автори или на стручен тим. Стручниот тим може да биде составен од учесници од една или повеќе организации или институции, а го претставува раководителот или координаторот на тимот (главен истражувач, главен проектант, главен изведувач-раководител на објект и сл.). Признаниjата се доделуваат на автор/група автори-државјани на Р.С. Македонија, односно на стручни тимови од компании/институции со седиште во нашата држава, за проекти и дела остварени во Р. С. Македонија или во странство. За проекти и дела со меѓународно учество, меродавен за оценката е придонесот на македонските учесници, односно на македонската компанија/институција.