Тема на симпозиумот:

СЛЕДЕЊЕ, ПРОЦЕНА И САНАЦИЈА НА КОНСТРУКЦИИ

18ти Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2019) ќе се одржи од 2. до 5. октомври, 2019 во Охрид, Македонија. Симпозиумот ќе се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на досегашната практика и на најновите достигнувања во областа на следење и испитување на конструкциите, конструктивното моделирање, методите за оценување на состојбата, како и примената на современи материјали за санација на конструкциите.

Главна цел на симпозиумот е да обезбеди форум, каде домашните и странските учесници ќе можат да разменат знаење и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото. Повикани се да учествуваат сите градежни конструктори и студенти, како и истражувачи од сродни области.

Главни теми
  • Следење на состојбата на конструкциите
  • Одржување на конструкциите
  • Проценка на однесувањето и на оштететувањата на конструкциите
  • Санација, зајакнување и реконструкција на објектите
  • Доверливост и трајност на конструкциите

Останати теми
  • Теориски и експериментални анализи на конструкции
  • Современи методи за проектирање на конструкции
  • Стандарди, Еврокодови и Национални анекси
  • Современи техники за изведба на конструкции
  • Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој
  • Инфраструктурни објекти
  • Други теми поврзани со градежното конструкторство

Повикани предавачи

Спонзори