Симпозиумот ќе се одржи во хотел „Инекс Олгица Хотел & Спа“ во Охрид.

Секој учесник потребно е да изврши навремена резервација најдоцна до 24.8.2025 год., да го пополни следниот формулар и да го испрати на адреса: info (@) hotelinexolgica.com.mk.

Цени од ноќ:

  1. Еднокреветна соба : 85€
  2. Двокреветна соба: 110€
Сместување по повластени цени може е на располагање и во следните хотели:
  • Хотел Гранит
    • Еднокреветна соба (BB) 60€
    • Двокреветна соба (BB) 100€
    • Резервации на: reservation(@)granit.com.mk
  • Хотел Метропол & Белви
    • Еднокреветна соба (BB) 69€
    • Двокреветна соба (BB) 98€
    • Резервации на: sales(@)metropol-ohrid.com.mk
  • Unique Resort & Spa
  • Хотел Тино Свети Стефан
    • Еднокреветна соба (BB) 90€
    • Двокреветна соба (BB) 100€
    • Резервации на: tino_svstefan(@)t.mk
  • Лаки хотел & сpa
    • Еднокреветна соба (BB) 85€
    • Двокреветна соба (BB) 130€
    • Резервации на: lakihotelspa(@)t.mk

Бидејќо септември е сеуште туристичка сезона во Охрид, ве молиме резервирајте го сместувањето што поскоро, не подоцна од 25.8.2025.

Охрид

Охрид е град во југозападниот дел на Македонија, на североисточниот брег на Охридското Езеро. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички дестинации во Македонија. Поради големиот број цркви и манастири, градот Охрид е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Исто така е познат и како „Град на светлината“, што е буквален превод на неговото старо име, Лихнидос. Охридскиот регион е вклучен во Светското наследство на УНЕСКО.

Повеќе за Охрид

Северна Македонија

Република Северна Македонија е лоцирана во Југоисточна Европа, во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Има позиција на стратегиска крстосница и своевиден мост помеѓу Европа и блиските земји на Азија и на Северна Африка. Таа и припаѓа на групата земји, од таканаречениот Западен Балкан. Опкружена е со следните соседи – Србија и Косово на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад.

Македонија како држава е дел од современата меѓународна политичка сцена, од стекнувањето на независноста од југословенската федерација и е нејзин активен субјект, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Но, кога станува збор за условите и податоците што ги наметнуваат историјата и културата, може да се каже дека Македонија е една од постарите европски и светски цивилизации во рамките на Римското, Византиското и на Отоманското Царство.

Повеќе за Македонија